Градоначалниците на скопските општини се собраа и побараа оставка и одземање на дел од ингеренциите на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Ова уследи само еден ден откако премиерот Христијан Мицковски ги повика „институциите што се под ингеренции на Градот Скопје, да си ја вршат работата за што се платени“.
Како што рече Мицкоски „во спротивно, ќе мораме сериозно да ги разгледаме можностите за одземање на тие ингеренции и да можеме како Влада да се справиме со тоа што денеска се случува“.
Дали се подготвува нешто повеќе од само одземање на ингеренциите на Арсовска, веројатно е познато и малку луѓе од владејачката коалиција.
Но, случајно или не, во редоследот на настаните е и кратката седница од неколку минути на Државната изборна комисија (ДИК), која сред летни одмори се собра во понеделникот и избра претседател на Општинската изборна комисија (ОИК) на Град Скопје.
Марија Мошев, архитект од Општина Чучер Сандево ќе ја води ОИК на Град Скопје. Како што објасни претседателот на ДИК Александар Даштевски, се избира претседател бидејќи местото е испразнето, додека заменикот претседател е отсутен.
В.К.