На социјалните мрежи кружат вирални видеа од српски стјуарди кои го привлекоа вниманието на патниците од Русија, а набргу и на дамите од целиот свет.
„Накратко за мојот ноќен лет со Ер Србија“, напишала Русинката Ксенија со видео од стјуардот кој ја претставува стандардната процедура во случај на вонредни ситуации.
„Па, не можев да го игнорирам овој тренд“, напиша друг со видео од уште еден згоден српски стјуард, а жените ширум светот го коментираа нивниот изглед.
„И ние би летале со него, не е важно каде“, „Кажи ми на кои летови работи“, „Бог да ја благослови жената што го започна овој тренд“, „Не се плашам повеќе да летам со авион“, „Тоа е тоа, Србите се убави луѓе! Овде живеам пет години и не ми е доста да се восхитувам на нивната убавина“, „Живеам во Србија, секој друг млад Србин е ваков, ова е нереално“ и „Одеднаш го изгубив стравот од летање“, се некои од коментарите.
Нивните видеа собраа стотици илјади прегледи на различни социјални платформи.