Македонска музика за префинетите, таква е програмата на годинашното 11-то издание на „Џои фест“, кој се одржува во Крива Паланка.
Годинава „Џои фест“ ќе трае како и вообичаено, две вечери, но место на градскиот стадион журката се враќа на градскиот плоштад и тоа две вечери, на 23 и 24 август.
По минатогодишниот јубилеј, за која журка се уште се зборува, оваа година на програмата ќе бидат застапени претежно домашни музички ѕвезди.
Првата вечер, на 23 август ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкверинг лајон“.
Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Парампарчад“, гостите од Црна Гора – „Бубњеви и пси“, а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.