Oскаровецот Хоакин Феникс се откажал од снимање на филм само пет денови пред почетокот на снимањето, поради што загубите се проценуваат дека надминуваат седум цифри, пишуваат американските медиуми.
Како што пренесува Вараети, станува збор за неименуван романтичен филм за хомосексуален пар во режија на Тод Хејнс, а снимањето требало да започне овие денови во Мексико.
Феникс помогнал во развивањето на сценариеото за оваа детективска романса во соработка со Хејнс и Џон Рејмонд, а извор близок до продукцијата за Вараети открил дека глумецот имал многу трема.
Со оглед на тоа што снимањето веќе почнало, а во Гвадалахара биле подготвени сетовите за филмот, со откажувањето на Феникс целиот проект е загрозен, бидејќи целата продукција на филмот зависела од него.
Вараети пренесува дека улогата на Феникс не може да ја преземе друг и дека тимот ќе треба да се исплати, иако филмот нема да биде снимен. Сумата која се проценува дека ќе се загуби поради пропаднатиот проект поминувала седум цифри.
Не се откриени премногу детали за фимот, но во интервју за Вараети од 2023 година, режисерот Хејнс наведе дека проектот е љубовна приказна на двајца мажи сместена во 1930 година со експлицитни сексуални содржини.
Дени Рамирез, ѕвездата од „Топ ган“ се приклучи на проектот како љубовен партнер на Фенкс.
Сепак, како што пишуваат медиумите, останува да се види дали по заминувањето на популарниот актер целиот проект ќе се реализира.