СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Л.Т.(18) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „одземање моторно возило“ и едно кривично дело „кражба“.
Кражбата се случила ден пред новогодишната ноќ, а кривичната пријава е сега процесуирана.
Ноќта помеѓу 30/31 јануари 2024 во Тетово, пријавениот одзел две заклучени паркирани возила „фолксваген голф“ и „мерцедес“, а исто така, одзел и едно незаклучено паркирано возило „мерцедес“, кои биле пронајдени и вратени на сопствениците.