Сакате да ослабете, но тоа да не се одрази на вашето здравје. Ова е клучно во секоја добра диета па затоа нутриционистите советуваат да пробате да ја постигнете посакуваната тежина со зеленчук кој е богат со витамини и минерали, содржи и влакна, а тоа може подолго време да ве држи сити.
Еве што препорачуваат нутриционистите кога сакате да постигнете витка линија, а да не се чувствувате истоштено.
Велат дека е добро да конзумирате спанаќ. Овој зеленчук има поблаг вкус и затоа може да се комбинира во различни оброци, а покрај тоа е и хранлив, со 23 калории на 100 грама.
Пороа се препорачува брокула која помага за подолга ситост. Се додава во чорби, а одлично оди и со ориз и тестенини. Свежата брокула има околу 35 калории на 100 грама.
Поради својот вкус, карфиолот е секогаш присутен во традиционалната здрава исхрана. Може да се додаде и на пица, а според готварските стручњаци – и како состојка во некои колачи. Карфиолот има 25 калории на 100 грама.
Грашокот, најчесто се наоѓа во разни манџи или чорби, а го има и во оброци со тестенини или ориз. Содржи околу 85 калории на 100 грама, а има и повеќе од пет грама растителни протеини, корисни за органите за варење.
И секако препораката е да се конзумира и прокељ кој содржи 43 калории и околу четири грама влакна на 100 грама.