Нема преживеани во авионската несреќа на патнички авион кој се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми. Аaвиокомпанијата VoePass во соопштение потврди дека авионот што се упатил кон меѓународниот аеродром „Гуаруљос“ во Сао Паоло се урнал со 58 патници и 4 членови на екипажот.
Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот.
Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.
На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како леталото удира во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ облак од црн чад.
Авионот од моделот АТР-72 имаше капацитет да превезува 68 луѓе.
Се урна во станбена зона во градот Винедо.
Никој на теренот не е повреден. Оштетена е само една зграда.
Авионот, кој бил во сопственост на бразилската авиокомпанија „VoePass“, бил на домашен лет меѓу градовите Каскавел, во јужната држава Парана, и Гуаруљос, во државата Сао Паоло.