– ММС
Спорт Фудбал

Повреден играч од Јувентус

Како што пренесуваат италијанските медиуми, 37-годишниот стопер на Јувентус, Андреа Барзалји ќе мора да замине на пауза поради повреда на ректус феморис, еден од четирите мускули кои го сочинуваат квадрицепсот.

Барзалји не е стандарден оваа сезона во Торино, одигра само 200 минути фудбал оваа сезона, но без сомнеж ќе недостатува на екипата во поглед на ротацијата.

Поради повреда, го очекува рехабилитација од 45 до 60 дена, и јасно е дека за него оваа година е звршена.

Без сомнеж ќе ги пропушти дерби дуелите со Интер, Рома и Торино, како и последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите со Јанг Бојс, но и мечот од Суперкупот на Италија против Милан.

Извор: supersport.mk

Лограње

X

Регистрација