СВР Охрид информира за приведен германски турист, кој пливајќи покрај брегот на езерото излегол од вода и се упатил кон претседателската вила.
-На 06.08.2024 во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ,,Инекс” во Охрид, полициски службеници го приведоа Р.С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. .