МВР информира за несекојдневна сообраќајка, кој се случила вчера во Куманово.
-На 06.08.2024 околу 10.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров” и крак од ул.„Ѓорче Петров” во Куманово, Л.Д.(65) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, бил удрен од приколка и починал на местото. Тој со товарно возило влекач „ман” со приколка со кумановски регистарски ознаки превезувал работна машина багер. На наведеното место го запрел возилото и со сопатникот Љ.Б.(37) од село Бразда, започнале со истоварање на работната машина од приколката, информираат од МВР и додаваат:
-Откако Љ.Б. влегол во багерот, Л.Д. останал надвор од возилото да му дава насоки да го спушти од приколката. Притоа, приколката се придвижила, при што влекачот удрил во паркирано патничко возило „форд” со кумановски регистарски ознаки, во кое бил И.В.(47) од Куманово, кој се здобил со повреди, констатирани во болницата во Куманово. Во обид да го запре возилото, Л.Д. бил прегазен од приколката и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвиниел, екипа од СВР Куманово и трудов инспектор, се вели во информацијата од МВР.