МВР информира дека од утрово нивниот хелихотер го гаси пожарот кај селата Папрадиште и Ореше.
-Денеска (07.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот кој избувна вчера во реонот на селата Папрадиште и Ореше. Во 11 циклуси беа исфрлени над 20 тони вода, со што беа локализирани дел од жариштата. Врз истиот пожар дејствуваше и хеликоптерот Х225 од Српското министерство за внатрешни работи, со што е спречено пожарот да се развие кон с.Папрадиште, информираат од МВР.
Според ЦУК пожарот избил вчера околу 13 часот. Со пожарот е зафатена површина насадена со млада шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале пет пожарникари со едно возило и пет лица од ЕЛС Чашка.