Една од најважните работи во текот на жешките летни денови е внесувањето на поголема колилина телности. Сепак, водата може многу брзо да ви „здосади“ , а соковите генерално се преполни со шеќер и вештачки засладувачи.
Рецепти
Пијалоците за детоксикација, како што се природните ароматизирани води, се совршен баланс, бидејќи истовремено внесувате повеќе вода и конзумирате поголема количина на овошје. Покрај тоа, овие напитоци можат да ви помогнат на брз и едноставен начин да се ослободите од вишокот на килограми.
Подготовката на сите овие напитоци е иста: во голем бокал ставете вода и додајте коцки мраз по вкус. По додавањето на состојките од овошје, бокалот поклопете го и оставете го во фрижидер преку ноќ, бидејќи на тој начин вкусот ќе биде поинтензивен.
Јагоди и лимон
-Шест до осум јагоди
– еден лимон исечкан на тркалца
-дланка босилок
Диња, лимон и краставица
-пола диња исечкана на тенки парчиња
– еден лимон, исечкан на тркалца
-една помала краставица, исечкана на тркалца
– свежо нане
Малина, киви и праска
-две исечкани праски
-три иселкани киви
-пола чаша малини
-еден излупен портокал
Лубеница и нане
-две чаши лубеница, исечкана на коцки
– свежо нане
-половина чаша боровница и неколку цветови лаванда
Извор: stil.kurir.rs