Огнен Чанчаревиќ, голманот на ерменскиот тим Ноа, е хит на денот, откако успеа да постигне гол преку цел терен, и тоа против АЕК Атина.
Ноа славеше против АЕК со 3-1, а вториот гол за својот тим го постигна голманот.
„Чанчаревиќ шутна од својот шеснаесетник, нејасно е дали воопшто се обиде да постигне гол, но неговиот шут заврши во мрежата на противникот за водство на Ноа од 2-1. Погодок кој ќе се памети и ќе се прераскажува“, пишува порталот Спорт1.