Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во пладневната изјава кажа две причини за пожарите и упати апел, но и изнесе шокантен детал- пожарникарите од целата област на Македонски Брод ако немаат помош треба да ги гаснат само 12 пожарникари!
-Земјоделците на повеќе локации користат плински уреди кои испуштаат звуци на пукот, кои ги бркаат птиците, кои го оштетуваат родот. Ваквите уреди претставуваат голема опасност за пожари, а веќе имаме потврден служај кога боцата експлодирала и се појави пожар, кој благодарение на пожарникарите се спречи, рече тој и ути апел до сите кои користат плински уреди да бидат внимателни, или да не г користат или да ги корстат со законските уредби. но и дела оставањето на плинските боци на сонце е голем ризик.
Вториот апел на Ангелов е до сите кои имаат стари или викенд куќи.
-До сите кои живеат или повремено престојуваат во старите куќи или викендици, доколку забележат лабави жици или се допираат и искрат и кои искри со посилен ветар предизикуваат пожар да го пријават во ЕВН. Одржвме средба во ЕВН и тие изразија подготвеност каде ќе добијат пријава за лабави жици веднаш да реагираат. На средбата рекоа дека нивните екипи работат на терен, но има многу села, каде има стари бандери, искривени, кои прават, условно кажано мев и предивикуваат пожар, рече Ангелов.
Тој се осврна и на вчерашните контраверзи кои ги предизивка пожарот во Пласница. Ангелов го објасни случајот.
-Станува збор за пожар на пристапен терен и не можеше да го загрози селото. Во тој момент имавме уште пет екстремно тешки пожари на тешки терени, каде луѓето не може да интервенираат и ги користевме воздухопловите, рече Ангелов и додаде:
-Вчера имавме 29 пожари, од нив целосно се изгаснати 21 пожар, а под контрола се три. За жал три пожари се активни и денес, а нови се појавуваат и денес. Еден е на албанската граница и ќе се обидеме да го изгаснеме, да го стопираме, бидејќи доколку влезе кај нас доаѓа на непристапен терен со борова шума и гаснењето е исклучително тешко. Ќе стапиме во контакт со албанските власти за да го гаснеме. Активен пожар е пожарот кај Брезница, каде трошиме голем број ресурси, хелихоптери, вода, „ер трактори’, но резултатот е слаб. Селото е заштитено, направени се противпожарни појаси и не е загрозено. За жал пожарот продолжува низ многу квалитетна шума. Таму е унгарскиот тим, на кој поддршка му даваат 50тина припадници на АРМ и тимот на пожарникари од Македонски Брод, кој за жал брои само 12 пожарникари, кои покриваат огромна територија. Тие тешко сами да се справат со било каков пожар, а не со ваков монструм од пожар.
Ангелов рече дека „ни се провлекува пожарот на Илинска планина, кој порди чад претставува проблем за еталата. Има пожар кај Фурка и утроо од таму дејствуваат. Кај студеничани е активен пожар и гори меана шума. активен е и пожарот кај Пробиштип, кој се движи кон Пониква. Овие се најтешките, а за жал имаме уште неколку локални. Во текот на денешниот ден заминаа чешки и словенечки, како и два ведски „ер трактори’. На помош имаме и српски хелихоптер и два од Унгарија, два „ер трактори’ од Германија, но имаат ркала и не можат д полнат вода од езерата туку мора да слетат на аеродром“.