Спортистите постојано реагираат на лошите услови во олимпиското село во Париз, а италијанскиот пливач и светски рекордер на 100 метри грбно, Томас Чекон, реши да отспие во парк.
Креветите, како што пренесуваат светските медиуми, од еколошки причини биле изработени од картон, не биле воопшто удобни за одмор.
Чекон повеќе пати се жалеше на лошата храна, неудобните кревети и нечистите тоалети, а минатата вечер реши да излезе од Олимпиското село и ја мина ноќта во паркот кој е оддалечен стотина метри од местото каде што предстојуваат спортистите.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...