Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип, вчера, 35-годишен мотоциклист од струмичко Василево го загуби животот.
Како што соопштуваат од МВР, мотоциклистот излетал од коловозот управувајќи моторцикл „јамаха“, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде од страна на лекар била констатирана смрт.
-На 02.08.2024 во 22.05 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, моторцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од С.М.(35) од село Василево, струмичко, излетал надвор од коловозот. По несреќата, мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош, каде од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш, соопштуваат од МВР