Кошаркарскиот клуб Лос Анџелес Лејкерс на социјалните мрежи објавија дека е откриена нова статуа во чест на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, кој трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа, заедно со својата малолетна ќерка.
„Коби и Џиџи засекогаш овековечени, пишува на објавата на клубот на Фејсбук.
Првата статуа во чест на славниот кошаркар беше откриена на осми февруари, а третата ќе биде поставена пред крајот на 2024 година и ќе биде изработена од мермер и бронза.
Трагичната несреќа во која Брајант го загуби животот се случи во јануари 2020 година.