Гори под резиденцијата на МПЦ кон поранешниот полигон за автошкола, под Калето. Во моментов интервенира Бригадата за противпожарна заштита со осум пожарникари и четири ПП возила, информира Центарот за управување со кризи.
Во моментов во државата активни се девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.