Хрватските медиуми пишуваат за несекојдневен настан што се случил на еден од патиштата во земјата која е преполна со туристи и има голем метеж на автопатите.
Вработен во бензинската пумпа им пришол на полицајците на сплитско-далматинската полиција и им кажал дека на телефон има лице кое пријавило дека нивното дете е изгубено. Родителите откако тргнале и откако поминале околу 200 километри, конечно сфатиле дека го нема нивното 11-годишно дете, и дека го заборавиле, пишуваат хрватските медиуми.
Девојчето останало на постојката за одмор Рашќане каде последен пат застанале, но бидејќи се движеле со неколку возила, мислеле дека детето влегло во друго возило и дури подоцна сфатиле дека заминале без неа.
Веднаш ги повикала вработените на бензинската пумпа и им објаснила како се случилo. Вработената веднаш им се јавила на полициските службеници, кои пристигнале на местото.
Мајката кажала дека поради тоа што патувале со повеќе возила, биле уверени дека девојчето се качило во друг автомобил, но потоа сфатиле дека го нема.
Полицајците го пронашле девојчето и му кажале дека неговото семејство набрзо ќе пристигне. Неколку часа подоцна дошле родителите и си го зеле детето.