Осуденичка во Идризово со запалка си ја запалила ќелијата, сакала да ја префрлат во болницата во демир Хисар. „Колешка“ ја храбрела, а пожарот го зфатил женскиот дел и предизвикал материјална штета.
-СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.З. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” и против С.М. (26) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со извршено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Првопријавената со намера да биде префрлена од женското затворско одделение во Казнено поправна установа Идризово Скопје во болницата во Демир Хисар, поттикната од второпријавената, на 21.05.2024, со запалка предизвикала пожар во собата во која престојувала, во кој бил зафатен ходникот од женскиот дел, предизвикувајќи материјална штета, информираат од МВР.