На анкетното прашање на ММС: „Како се справуваат институциите се пожарите?“, најголем дел од граѓаните (41%) очекуваат да биде уште полошо, бидејќи најмалку се вложува во заштитата од пожари.
Речиси идентичен број на одговори има на одговорите „Одлично, со оглед на условите и механизацијата на располагање“ (20%) и одговорот: „Лошо, недостасува организација и ангажман“ (19%). Граѓаните во помал број – 12 отсто сметаат дека потребно е поголемо ангажирање на заедницата и граѓаните, а најмалку сметаат – само 8 отсто дека институциите добро се справуваат со пожарите, но недостасува поголем ангажман, особено од челниците на власт.
Пожарите остануваат наша тема на анкетата.
Прашуваме: „Чија е одговорноста за големиот број на пожари низ државата“?
1.На пироманите;
2. На неодговорни граѓани;
3. На надлежните институции кои не презеле мерки;
4.На државата која нема соодветна стратегија за справување до пожарите;
5.На целиот систем кој не може да одговори на зачестените пожари.
фото: Пехчево денес ФБ