Две девојки од Тетово синоќа биле на концерт воОхрид, но полицијата кај нив нашла марихуана.
-На 31.07.2024 година околу 22 часот, за време на музички концерт на отворен простор на улицата „Кленоец” во Охрид, полициски инспектори од одделението за недозволена трговија со дрога и униформирани полициски службеници од СВР Охрид, при извршени прегледи, кај А.Д.(20) и А.Ј.(21), двете од Тетово, пронајдоа и одзедоа опојна дрога mарихуана, додека кај Н.Г.(33) од Струга, пронајдоа бела прашкаста материја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, инфрмираат од СВР Охрид..