Новата директорка на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска денес на прес конференција изрази сомнеж дека е направена диверзија.
-Постои сомнеж за извршена диверзија во ИЈЗ, дали е тоа така оставаме на институциите да истражат. Јас сум само пет дена назначена за в.д. директор и се обидувам да ја согледам фактичката состојба, начинот на кој се функционира, одредени недоследности како би можела да делувам, да даваме квалитетни услуги на граѓаните, да се воведе ред и да се делува согласно законските процедури. Вчера по истек на работното време, додека се уште бев на работа дел од вработеите ме известија дека не функционираат дел од фрижидерите на Микробиологија, поточно на бактериологија. Се работи за еден фрижидер и една комора, а во овие фрижидери се чувале доста значајни реагенси кои детектираат низа на заболувања. Константиравме дека се исклучени дирекно од бушони, има две разводни табли во ходникот, а во тој ходник поминуваат сите кои се вработени во овој дел. Претпоставка е дека се отворни разводните табли. Тоа е наша претпоставка, оставаме да се испита. Бидејќи ако се случеше да не работат фрижидерите, а се работи за голем дел реагенси, не само што би имало материјална штета туку би предизвикало опасност за животот и здравјето на граѓаните. Ние денес ќе немавме никаков реагенс. Овие две разводни табли од каде беше исклучен осигурувачот, се разводни табли каде има стотина осугурувачи, беа спуштени оние кои се поврзани со фрижидерот. Денес ги проверуваме сите реагенси дали се оштетени и во тек на денот ќе имам извештај, рече Андоновска, а на новинарско прашање за кои реагенси станува збор таа додаде.
-Едно можам да ви кажам, таму беа реагенсите за големата кашлица. Имаме епидемија, а денес ќе немавме ниту еден реагенс. Затекав недостаток на вакви реагенси на веќе прогласена епидемија, надлежните пред мене ја оставиле со недоволен број реагенси. Веќе се обидов да набавам донација и покренавме постапка за набавка на соодветен број, рече таа.
На прашањето кој има клуч од овие простории Андонвска рече:
-Кога дојдов уште првиот ден побарав работни процедури. Ми беше кажано дека нема работни процедури и дадов насока да почнеме да ги практикуваме. Од она што го видов е дека дел од оваа комора е во посебна просторија со клуч. Ми река дека тие имаат само еден клуч, а кој ги има останатите клучеви и дали има не можеа дами кажат. Тој клуч го имал еден од вработените, рече таа.