Заменик директорот на „Национални шуми“ завршил во болница поради вдишување чад од пожарите, но како што напиша на својот проил на Фејсбук, сега е се во ред и им се враќа на обврските.
-Добар сум и од утре натаму, повторно заедно, продолжуваме секаде каде што ќе има потреба, онаму каде што застанавме. Жалам што вчерашниот ден не успеав да го завршам до крај со хероите на терен над Пехчево, но, ветувам дека ќе за кратко време ќе надокнадам за тоа. Со уште неколку други луѓе завршивме на кислородна поддршка поради вдишан чад. Ова е мала цена во однос на она што ќе го плати природата заради големите опожарени површини. Капа долу и огромна благодарност и за сите вработени во Здравниот Дом во Пехчево кои се на висината на своите задачи во оваа исклучително тешка вонредна состојба, напиша тој доцна синоќа.
На неговиот профил денес објави потресно видео во кое се гледа како на исплашена мала желка и даваат вода за да преживее. Пожарите прават пустош, а страдаат не само дрвјата и животните.
-Ова видео е од вчера од место кое беше спасено од налетот на огнените јазици над градот Пехчево. Огромна бројка на срнички, диви свињи, волци, лисици, зајаци, верверички, јазовци, птици и други најразлични животни и инсекти бегаа од налетот на пламените јазици, но, има животни како желкава што не можеа да избегаа. Изгореа и најразлични гнезда и седала во кои што имаше секакви млади животни, невиден грев. Затоа велам и пак ќе повторам, огромна еколошка катастрофа со катаклизмички штети врз флората и фауната и воопшто оставаат пожарите. Ве молам, да бидеме примерни и пред се луѓе и ајде сите заедно да се потрудиме во иднина никогаш вакви нешта и вакви слики да не се повторат, пишува под видеото
„Еколошка катастрофа оставаат пожарите позади нив, ова е страшно кое што го гледаме и наоѓаме после огнената стихија. Луѓе, од дното на душата Ве молам, бидете сериозни и направете сѐ за да не доаѓа до вакви ситуации кои ќе остават децениски и вековни штети. Немојте да бидеме генерација која ќе ја обвинуваат нашите идни генерации, да покажеме дека има душа и човечност доволно во секој од нас. Да го зачуваме она кое што нашите предци ни го оставиле како аманет“, стои во објавата.