СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Х.(47) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
На 24.07.2024 во семејната куќа, пријавениот се заканувал и физички ја нападнал својата сопруга и ѝ нанел повреди, кратко информира денеска Министерството за внатрешни работи.