Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера едвај се спасил, а професионално сакал да помогне од пожарот кај селото Горно Трогерци, меѓу Штип и Свети Николе. Тој со колегите, цела смена, бил на терен, и како што вели за ММС, со ризик по живот со колегата Ненад се упатил за помош во селото.
Александар завршил во болница, но сега е излезен од болница и за ММС ја раскажа својата приказна и се зблагодарува на сите инволвирани, кои помогнале тој денес да е жив и здрав и повторно да е се врати меѓу свооте колеги и помага да се справиме со пожарите.
-Вчера бевме на еден од најсериозните пожари во Горно Трогерци. Ние бевме излезени на терен цела смена и во радиус на два километра гореше на седум различни локации. Потоа добивме дојава дека треба да се повлечеме кон куќа и мини фарма, бидејќи огнот таму го носи ветерот. Ама теренот е непрооден, со карпи. Тргнавме и кога стасавме видовме дека куќата и фармата се многу далеку, теренот е непрооден, а на грб можеш 7 кила вода да ставиш. Јас на ризик тргнав. Колегата Ненад Димов виде дека тргнав и тргна со мене,па заедно заминавме кон куќтата, за дса можеме да спасиме нешто. Но, кога стасавме видовме дека пожарот има голелм обем. Успеавме заедниот дел да го спасиме, но пожарот го зафати кровот и од сите три страни. На задната страна имаше стар трактор и животни, во еден посебен дел. Имаше нешто како мини фарма, рече Александар за ММС и додаде:
-Со Ненад се фокусирвме на куќата. Но, од таму испадна еден тежок и црн чад. Еден дел од каблите јас го повлеков, но притоа се надишив чад и ми дојде лошо. Кога повторно се обидов, се надишав чад од пластика и гума. Ми се слоши, и сум паднал. Последно на што се сеќавам е дека викнав по колегата Нено. Потоа не се сеќавам, бидејќи се освестив во Брза помош по половина час. Од Нено дознав дека нозете ми останале во опожарениот дел. Ако Нено на време не ме видел и извлекол ќе ми настрадале и двете нозе. Кога тој дошол до мене не сум давал знаци за живот, сум имал слаб пулс. Викал за помош, но немало никој. Потоа отишол на ридот. Качувајки се наишол на џип со доброволци, а еден од тие е Далибор Горгиев, вработен во ЕБР, специјална единица на МВР , раскажува Александар, кој сака да се заблагодари од срце на сите кои му го спасиле животот.
-Далибор како доброволец бил на терен да помага на пожарникарите, тој е и претседател на ловното друштво во Штип. Тој со колегата и уште двајца колеги се спуштил во провалијата за да ме извлечат. Кога дошле до мене ми дале прва помош, кога сум исплукал уште малку црнила од уста и нос, а потоа ме качил на грб, носејќи ме скоро километар по угорнина и тежок непрооден карпест дел. Тие што го познаваат елерот знаат какво место е тоа. Покрај мене биле командирот Горан Стојанов и Ненад Димов, кои помагајќи му на Далибор за 20 минути со мака ме качиле на рамниот дел, каде за брзо време стасала екипата на брзата помош од Штип, која ме однеле во болница, раскажува Алексндар.
Кога се освестил во болничката кола, како што вели, прво што прашал е како е Ненад, дали е добар, бидејќи заедно биле на местото и не знаел што се случува со него.
-Во глава ми беше дека бевме двајца, заедно со Ненад, дека бевме во голема опасност. Се исплашив дека Ненад останал или нешто му се случило. Ми кажаа дека со Нено се е ок. Но, Нено бил тој кој заедно со Далибор и Горан ме спасиле. Фала им на Брза помош и приемот во Клиничка болница за брзата реакција. Бев на Интерно кај лекарката Снежана Дончовска и болничарот Мартин Арсовски, кои многу ми помогнале. Откако дојдов при себе и се чувствувам дека сум добро, посакав да ме отпуштат. Има пациенти на кои им е полошо и да не фаќам место на другите. Побараа и јас се потпишав, излегов и сега сум дома. Ми препорачаа боледување, но јас одбив. Потребен сум и на колегите и на градот, рече тој и додаде дека вечер од 19 часот повторно се враќа на работа.
-Единицата има потреба од луѓе и дефинитивно не сакам да седам дома. Вечер одам на работа и повторно сум на располагање на градот. Секако и јас и колегите. Господ нека не чува сите вклучени во борбата со огнената стихија низ целата држава, рече тој.
(В.М.)