Оганот од депонијата во Дојран се прошири кон околните села, а поради ветрот се шири и кон Дојран.
Од ЦУК ни рекоа дека опасност по жителите нема, но се евакуираат.
-Во Дојран од огнот се зафатени три куќи. Се врши евакуација. Нема повредени, ни рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Заменик дирекоторот на „Македонски шуми“, КИрил Михаилов на Фејсбук како најголем виновник за пожарот го посочи градоначалникот Анго Ангов и побара одговорност од него.
-Итно барам да понесе одговорност градоналникот на општина Дојран Анго Ангов затоа што дојранската депонијата била заклучена и оставена без чувар и запалена, а поради тоа екипите на ТППЕ не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат првичниот пожар, кој пред малку излегол од депонијата кон месноста викана Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола, напиша тој и додаде:
-Мора да ставиме крај на оваа катаклизма со тоа што одговорност ќе понесе секој кој направил нешто спротивно на Законот или не направил нешто коешто му била обврска согласно неговата функција. Човек ни почина вчера, имаме повредени, зафатени се населени места, а место за ваква неодговорност нема да има, напиша тој.
ММС се обрати до градоначалникот на Дојран Анго Ангов, кој ни рече:
-Не е точно дека немало никој, и возилата беа таму, но огнот префрли. Како заклучена депониија и без чувар, нека зборуваат што сакаат.Три саати чекаме хелихоптери и авиони, но се уште ги нема. Пожар имаше и во Николиќ, но таму не беше до куќите. А овде е опасно, се приближува кон Дојран. Само едно сум сигурен, овој пожар е поднетнат, ни рече градоначалникот Андов за ММС.