Коалицијата ВЛЕН ја поздравува и поддржува секоја активност која има за цел зајакнување
на правото и редот во Северна Македонија. Веруваме дека гонењето на незаконските
дејства и корупцијата е клучно за обезбедување на правичен и равноправен систем за сите
граѓани.
-Последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник
Бектеши, за “опструкција на правдата”, која се сомнева дека е извршена еден ден пред
парламентарните избори, јасно и недвосмислено покажува дека партијата од која потекнува
Бектеши била дел од октопод на криминал, корупција и крадење на гласовите. Овој случај
е силна потврда дека долгогодишното владеење на партијата на Бектеши донело не само
крадење од граѓаните, туку и невиден притисок врз Албанците за да го изразат својата
слободна волја преку гласање, информираат од ВЛЕН и додаваат: .
-Коалицијата ВЛЕН секогаш ќе се залага за владеењето на правото, а никогаш за политички
реваншизам. Затоа, ги повикуваме правосудните органи преку правилна и правична
постапка предметното лице да ја докаже својата невиност или да се докаже неговата вина
во зависност од доказите, се вели во информацијата од партијата.