Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Рафаел Надал со 6:1, 6:4 во второто коло во сингл на олимпискиот тениски турнир изјави дека е штета што Шпанецот не е во својата најдобра форма.
-За негова жал, тој не беше во најдобра форма, но направив се што можев за да се чувствува непријатно на теренот. Мислам дека мечот ни значеше многу на двајцата. Мислам на нашето ривалство и спортот воопшто, изјави Србинот, кој во третото коло ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Италијанецот Матео Арналди и Германецот Доминик Кепфер.
За Рафаел Надал претстои уште еден натпревар во конкуренција на двојки, каде партнер е со Карлос Алкараз.