Марко Бислимоски, првиот човек на РКЕ денес ја соопшти новата цена на парното за скопјани.
-Цената на парното за домаќинствата ќе се намали за 3.16 проценти, додека за недомаќинствата, училишта, институции и други комерцијални објекти ќе се намалат за 17,3 проценти. Намалувањето на цената за домаќинствата е без субвенции. Изминатиот период, за субвенционирање на парното во Скопје од државата беа издвоени близу 12 милиони евра. Цените на природниот гас се стабилизираа и не гледам причини веќе да се субвенционира. Цената во Скопје Север за домаќинствата се намалува за 1,71 процент, а за останатите 17,22 проценти. Кај ЕСМ Енергетика за домаќинствата се намалува за 0,5 проценти, а за останатите околу 40 проценти, рече Бислимовски и додаде:
-За недомаќинствата и останатите потрошувачи втор пат ја намалуваме цената за приблиќни 53 проценти и апелирам да не се исклучуваат од организираниот систем за топлинска енергија од Скопје. Апелирам да се прифатат имените на Законот за градба што ги предложи РКЕ со цел однапред да се знае кои домаќинства на што ќе се греат. Македонија е сиромашна земја и мора да се користи оваа топлинк енергија, а на тој начин ќе го зголемиме бројот на потрошувачи и намалување на цените, рече Бислимовски.
Тој апелираше конечно да се заврши реконструкцијата на мостот Беласица, за да биде подготвена за зима.
-Парно ќе имаме, но температурите во становите ќе се држат до 21 степен. Знаете дека навиките на скопјани се поинакви.