Ечат зурли, гајди и тапани! Прославата на големиот државен и христијански празник „Илинден“ во дојаспората започна. Први вчера го прославија Македонците, кои живеат во Хрватска.
Големиот собир на македонската заедница во Хрватска се одржа на “Голубињак”, Горски Котар, каде се собраа Македонци од цела Хрватска.
Погледнете ја галеријата каде со македонска песна и оро се дружеа Македонците, со нивните гости.