Не треба да спојуваме две недоволно функционални институции, а овде мислам и на ЦУК, работам со многу вработени а малку работници. Факт е дека бројката на вработени отскокнува од оние кои ефективно работат, вели во денешното гостување на Канал 77, Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
- Мојата визија е да се формира една нова институција која ќе ги менаџира кризите но и итните ситуации. Имаме многу повеќе итни ситуации за менаџирање во годината отколку кризи. Таа нова институција треба да ги обедини функциите на двете постоечки, она што сега го работи ЦУК и она што сега го работи ДЗС. Во овј момент имаме луѓе кои се клати врата земај плата во двете институции и тоа за жал ги има многу такви. На тој начин ќе добиеме една функционална институција, нагласува Ангелов.
Ние сме мајстори за проекти, има сто проекти не еден, нема кој не направи скенирање на системот за управување со кризи. Имаме се само немаме работници, оние кои што ќе излезат во шума да гаснат, оние кои ќе спасуваат човечки животи, додава Ангелов во гостувањето во емисијата Стадион на Канал 77.
Разговорот во целост следете го на линкот во продолжение: