Канадската пејачка Селин Дион со францускиот евергрин „Химна на љубовта“ на Едит Пјаф синоќа го заокружи свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Ова беше нејзин прв настап откако на јавноста и соопшти дека боледува од синдром на вкочанета личност. Нејзината изведба беше моќна и беспрекорна и предизвика воодушевување и овации кај публиката крај Сена.Таа беше облечена во бел фустан со бисери и мониста.
Свеченото отворање на 33. Летни игри заврши со палење на олимпискиот оган и спектакуларно шоу на кое според проценките на француските медиуми присуствувале над 300.000 луѓе.