Нема пари за поголеми плати со ребалансот! Наместо горди работници како што ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе имаме понижени работници, се вели во соопштението на СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата нивна политика на евтина работна сила, каде работниците секогаш се на последно место. Од друга страна, Мицкоски им товари нови долгови на граѓаните со скапи и неповлни кредити од Унгарија. Овие погрешни погрешни политики и економски утки водат кон заголемување на долгот од над 68% и огромен буџетски дефицит покачен за 35%. ВМРО-ДПМНЕ целосно го урива финансискиот систем граден со години, воведува должничко ропство и ги понижува работниците. 30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најлош почеток на било која Влада досега. Ветуваа планини и долини а ништо не испорачаа, се вели во соопштението на СДСМ.