По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот Филип Андов. На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор Скопје, информира Владата по денешната седница.
На денешната седница именувани се нови дирктори и заменици на повеќе институции. Фадил Асани е именуван за в.д. заменик на директорот на Агенција за храна и вeтеринарство. Зоран Крстаноски е именува за директор на Управата за имотно-правни работи.
Илија Стоилев е именуван за в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Фадиљ Асани е именуван за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Христина Смилевска е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за стоковни резерви.
Ибрахим Ељези на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес. Дејанчо Здравков на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПУ Затвор Штип. Ѓорги Хубрев на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Штип.
Емил Јанески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп. Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп.
Ардит Мустафаи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД од отворен вид Струга. Александар Мојсов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД од отворен вид Струга.
Александар Јовковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Битола.
Слаѓана Стаменковска на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПД Затвор Гевгелија. Оливер Цветковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка. Хамид Алитовиќ на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.
Климент Софковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Охрид. Мите Костески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Затвор Охрид.
Зоран Ристов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Струмица. Игор Додевски е именуван за в.д. заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Тетово. Бране Стојчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на ВПУ Воспитно-поправен дом Тетово.