ВЛЕН апелира до правосудните органи да постапуваат исклучиво по словото на законот, ослободени од политички влијанија и да испорачаат правда врз основа на докази изнесени во фер и транспарентна постапка. Ова, како што информирагт од ВЛЕН се однесува за кривичната на внукот на Али Ахмети.
-Законите треба да важат подеднакво за сите без разлика на етничка, верска или политичка припадност. Враќањето на довербата во правосудниот систем не смее да се сведе на дневна политика. Не сме среќни што една политичка партија како ДУИ се поврзува со сериозни сомнежи и индиции за бројни случаи на политичко-фамилијарна корупција. Овие поразителни околности фрлаат дамка на сите Албанци. Ваквите сомневања се уште еден аргумент плус дека ДУИ мора час поскоро да се реформира и да почне да делува како конструктивна опозиција. Наша обврска како ВЛЕН е да не дозволиме ова заглавено во минатото раководство на ДУИ да се обидува да направи од Албанците штит за нивните корупциски скандали, се вели во Информацијата од ВЛЕН.