„Имам канцер“! Колкава тежина, разочарување и страв носат овие зборови знаат само тие на кои им е дијагностицирана оваа болест, секако и нивните најблиски. „Што да направам за да се спасам од чудовиштето во мене“ е желбата да се пронајде лек. И тогаш не се бираат средства како да се дојде до спасот. На сите можни начини, од медицината до природата.
Таму каде што медицината крева раце, се појавува природата, да го даде лекот за без пари. Барем така велат оние, кои успеале да си го спасат животот од оваа опака болест, но и тие кои го подготвуваат лекот и по Божја промисла го даруваат на болните.
Е таков е Игуменот Спиридон од манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, кој се наоѓа во ресенското село Јанковец и кој од козлец прави лек, што им помага на болните од канцер.
Игуменот Спиридон најмногу се споменува на социјалните мрежи кога некој ќе рече: „Дијагностициран ми е канцер“. Тогаш сите го советуваат да го посети овој манастир.
ММС го посети манастирот и поразговаравме со Игуменот Спиридон, без намера да ја заобиколуваме медицината, туку само да дознаеме зошто толку многу луѓе бараат и, како што велат, наоѓаат спас од ова место. Игуменот Спиридон ни објасни за кои видови канцер помага овој лек, дали се злоупотребувал, бидејќи се дава без пари и секако неизбежно, колку во сето ова влијание има и вербата во Бога, молитвата и благодарноста.
За што конкретно станува збор? Дали навистина лекот е пет пари, само треба да се најде?
-Станува збор за растението козлец, односно змиско грозје. Се зема коренот од него, кој сам по себе е природен цитостатик. Има малку отров во него, кој дирекно ги напаѓа канцерогените клетки. Јас извесно време бев во манастирот Хиландар на Света Гора и таму го прават по видение на бугарски светител. Имал видение како треба луѓето да се лечат. Но, бидејќи манастирот не може, не е во состојба да направи толку лек за потребите и за Србија и за Македонија, во еден разговор со архемантдритот, тој не благослови нас, ние да го правиме. Фала му на Бога сега за сега ги наоѓаме коренчињата. Нам ни ги праќаат од Гевгелија, а ние тука го изработуваме. Минатата година немавме многу, не можевме за сите да направиме, но за среќа ова растение го има секаде низ Македонија. Бог по неговата промисла благослови човек од Гевгелија, па во неговата нива најде многу корени и ни ги испрати и тука ги сушиме. Човекот слушнал дека по Божјата милиост го правиме ова добро дело и се приклучи, подаде рака за помош на овие болни. Досега имаме дадено околу 4.000 кутувчиња со лек, на луѓе на кои вистински им треба. Искуството кажува дека 80 проценти од луѓето кои дошле тука да го земат лекот имаат успешни резултати. Имаме добиено писма во кои луѓето опишуваат каква била болеста пред лекот, па што се случило откако го земале лекот, со снимки и разни испитувања.
Што е најважно, однсоно во кој сегмент најмногу делува лекот?
-Има дел од луѓето кои се интересираат за лекот, но им недостасува тој момент за средба со Бога, секогаш го земаат преку трето лице. И кај нив нема толку позитивни ефекти. Тоа во суштина значи дека лекот е средство преку кој делува Бог. Ние не можеме да се поклониме на творбата, а да го изоставиме творецот. Бог делува таму каде човек прво ќе пројави вера , а штом ќе пројави вера Бог ќе му го даде лекот. Лекот е, како што велат старите пет пари, само треба да го побараш на вистинскиот пат и начин. Со дел од луѓето со кои комуницираме сакаат да добијат некакво си телесно здравје, но го отфрлаат моментот дека треба да имаат средба со Бога. А телесната болест е производ на недоброто духовно здравје. А тоа е отуѓеноста од Бога, гревот, отстапуваат од богослужбата, од редовното непричествование, безпокајание.
Има ли обид за злоупотреба на лекот?
-Во последно време гледам се научиле да го бараат лекот преку еден, преку друг. Да, секако дека имаше злоупотреба. Затоа реков дека за да го земат лекот треба да си дојдат во манастирот, оти ние лекот не го наплатуваме, го даваме без пари. Бог ни дава можност и ние да направиме некое милосрдие за народот и за оние кои имаат можност да дојдат и за оние кои немаат можност да дојдат до лекот. Порано го праќавме по карго, но некој така си го порачувал и потоа на други го продавал за 300 евра. Им го продавал на луѓето болни од рак, ги злоупотребувал. Тоа навистина беше нехристијански и недоблесно и јас во еден момент се налутив и се јавив на претседателката на онколошките пациенти и реков дека повеќе нема да го правам лекот, туку да си го бараат дирекно од Света Гора. Ако требаше тој лек да се продава ќе го продававме и ние. Ама смислата и целта не е таква. Бог не сака така да делуваме.
Тоа е , како што вели црквата, бесплатно го добивте, бесплатно го давајте. Е сега секој сам по себе како христијанин си ја знае должноста дали ќе сака да помогне или не и како ќе се однесува. Имаше и случај кога пративме кутивчиња по карго за Гевгелија и каргото задоцни неколку дена и нормално сите кутивчиња ги фрливме. Јас не сакам да ризикувам некого да го отрујам со тоа. Затоа треба секој да дојде во манастирот. Не само што ќе направи подвиг за себе си, ќе го запознае манастирот, ќе поразговараме. Бог овде ќе го слушне неговиот глас и мислам дека ќе има многу позитивни резултати. Од искуство, тие што дошле тука да земат лек, а имало и со солзи што заминале и со голема радост, дури 80 проценти од нив имаат позитивни резултати. Значи веќе немаат дијагноза канцер. Дури имаше една жена од Струмица, која ми прати писмо и пишува дека и се излечил карцином на нервни влакна на коските. А со сопругот две години поминале голгота. Бог милоста ја пројавил само од една доза. И сега е чиста. Лекот се прави по потреба на болните луге, а не за продавање или препродавање.
Како спречивте да не се злоупотребува лекот?
– И за да нема злоупотреби јас кажав дека треба лично да си дојдат во манастирот да го земат. И секако ќе им кажеме како се прима лекот.
Дали овој лек е исклучиво за еден вид канцер или за повеќе?
-Јас имам сознание, а и така ни е напишано во упатството, дека треба да се зема 15 дена па да се направи пауза од еден месец и да се користи уште еднаш. Се во зависност од тоа дали болеста прогресира или има можност сосема да се уништи. Но, пред извесно време дознав дека еден свештеник во Австралија 20 години го користи лекот и уште е жив. Уште има рак и уште живее со него. Сакам да кажам дека Бог делува на секаков начин. Се е во неговата десница која лекува и допушта болести. А допуштањето на болестите е само заради наше вразумување.
Како се произведува?
-Го сечеме коренот на коцки, во голмина на зрно од пченица,го ставаме во мед. Го работиме по рецепт, така како што ни е предадено од Света Гора. Пред се го првиме најмногу со молитва. Претходно се молиме за тие што ќе го земат, сите што имаат потреба од лекот Бог да делува . Бог во нивната милост и човекољубие. Да ги допре најпрвин во срцето, да ги оттргне од гревот, а потоа да им го даде телесното здравје. Кога ќе го направиме, пред да почнеме да го даваме на луѓето 15 дена јас го користам за да видиме да нема одредени нус појави на луѓето, за да со сигурност се увериме дека нема да имаат проблем. Се зема секое утро по едно зрнце пред јадење. Не смее да се жвака, многу е горчливо, затоа само се голта. Јас го конзумирав. Три дена по земање на лекот не можеш да вкусиш ниту леб ниту вода, бидејќи, како што реков, тој сам по себе има малку отров во него и токму тој отров е корисен за борба против канцерогените клетки. На пример ако обична тегла мед ставиш во фрижидер ќе се зацврсне,ќе кристализира. Но, со лекот не кристализира, па и една година да стои во фрижидер.
Дали тоа може да се користи превентивно? Дали може да го користат луѓе кои немаат канцер, но имаат генетски предиспозиции?
-Според мене превенцијата ја измислија фармацефтските компании за да собираат пари. Од превенција од овој лек нема потреба. Ако имаме резултати дека има канцер или прогресира болеста или после операција има повторно потреба за терапија, тогаш повторно се дава.
Дали хемотерапијата влијае врз овој лек?
-Се зема одделно. Затоа што ако лекот го пиеме, а реков дека е природен цитостатик, и во исто време примаме хемотерапија лекот ќе нема дејство. Неговото дејство се губи и ќе нема никаков ефект. Затоа препорачувам, доколку хемотерапијата е почната или да се прекине или да се заврши па откако ќе заврши се прави пауза од неколку дена, па потоа да се користи лекот. Оваа пауза е за да се смири организамот, бидејќи некои пациенти по хемотерапијата и повраќаат. А тогаш лекот нема сврха.
Што се случува ако болеста е во поодмината фаза?
-Тогаш лекот го даваме поинтензивно. Се со цел да може да го намали или сузбие канцерот.
Во која фаза од болеста најмногу помага?
-Во секоја фаза. Ние имаме кажувања на луѓе дека лекарите кренале раце од нив, но по допирот на божјиот прст преку лекот има фасцинантни резултати.
Имате ли сознанија за луѓе кои, за жал и покрај користење на лекот не успеале да се излечат?
-Обично има луѓе кои имале рак на желудник, односно веќе целиот желудник им е изваден и примаат храна преку течност. Овој лек треба да се обработи во желудникот и во цревата. Само во случај на канцер на желудник не им го даваме на луѓето. А имаме искуство со дечиња кои имале канцерт или тумур на мозок и има позитивни резултати.
Какви се вашите видувања, има ли луѓе кои не верувале во Бога, па откако ја добиле болеста или се излечиле со лекот се свртеле кон Бога?
-Болеста е за тоа дадена. Затоа што Бог за нашето спасение делува преку болестите. Ако на човекот му допушти болест тоа е за негово преумување. Ако самиот по себе човекот не го препознае божјиот шамар и не се усогласи со божјта промисла за неговото спасение што и друго да му се случи тој ќе похули на божјата благослов за негово спасение и ќе нема никаков ефект. Ние сакаме, еве луѓето кога ќе дојдат во манастир, сакаме да поразговараме, да се исповедат, тие да му кажат на Бога дека им треба помош. И тогаш божјата милост делува. Затоа и болестите се составен дел на човековиот живот. За да го одврати човекот од патот кој не е добар за него и го води во пропаст.
Што велат луѓето, кои откако ќе се излечат и ќе дојдат кај Вас и во манастирот?
-Не често, но има случаи кога луѓе ќе дојдат првин му благодарат на Господ, а потоа и на нас, кои сме излегле во пресрет да им помогнеме. Некогаш можеби сме влијаеле и психички, со муабет, па сме им покажале милост и љубов, па преку тоа ја спознале и Божјата милост и љубов, преку тоа се вратиле во црквата и почнале да живеат поинаку. Не голем број, но има луѓе кои ја сватиле суштината, ја сватиле Божјата порака зошто се се случило и почнале да живеат малку поинаку. Во согласност со Божјата промисла за нивно спасение. Па болеста на човек му е дадена со цел Бог да му покаже дека е присутен во неговиот живот. Бидејќи ако нема болест човекот не размислува за Бога. Многу лесно потпаѓа под искушение на ѓаволот и е заведен од него и се одалечува од Бога. Болеста е за да се свести човекот каде оди и да се врати на вистинскиот пат. И ако не постои болеста нема да пости подвиг, бидејќи ние забораваме да се заблагодаруваме. А Бог од нас бара само да се заблагодаруваме. Се што примаме од божјата рака да го примаме со радост оти тој како создател и промислител на нашиот живот и вистински Бог, знае зошто ни ги прави нештата. Бог не е човекомрзец туку љубов, човекољубец. И секоја болест е дадена заради наше спасение. А нашата цел на земјата е да се подготвиме за вечноста. Затоа што на земјата сме привремено, на земјата сме патници и не чека вечноста. И затоа апостол Павле вели – смртта е придобивка за мене.
Е сега ние како луѓе секогаш имаме сценарио како треба да живееме, колку треба да бидеме успешни, колку треба да бидеме богати, колку треба да се покажеме пред луѓето. А ние го имаме Христос, тој е најбогатиот. Ние го имаме спасението, тоа е најголемиот успех . Ние имаме победа над смртта, а тоа е најголемото богатство. Сите свети луѓе страдале, сите свети луѓе имале болести и благодариле кога имале болести оти ја препознавале близината Божја во нивниот живот. Болеста ни е дадена за да научиме да благодариме. Во послушност кон црквата, дека треба да постиме, да се воздржуваме , да се молиме и да научиме да благодариме. Преку болеста се преобразуваме. Тоа е силата Божја, преку болеста. А дел од болестите се и од храната, дел од умот, дел е допуштено. Сепак, воздржувањето е многу битен момент. Битно е да се молиме, да багодариме и да го носиме крстот како христови војници…
Весна Миленковска