Денеска два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, с.Габровник и с.Мокрени. Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода.
Хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода. На овој начин е спречено пожарот да се прошири кон селата, но сепак на повисоките места и во пределите со густа шума истиот не е локализиран и сѐ уште е активен – соопшти МВР попладнево.