Недофатливата сопруга на Доналд Трамп, Меланија, се појави во јавноста прв пат откако поранешниот претседател за влакно го промаши куршум од атентатор, пишува Би Би Си.
Облечена во републиканско црвено, таа влезе, сама, на републиканската национална конвенција во Милвоки придружена со класична музика – изразен контраст од химните на кантри музиката и рок баладите што ги слушавме цела недела, додава Би Би Си.
На сцената на Трамп му се придружија бројни членови на семејството, потпретседателскиот кандидат Џеј Ди Венс и неговата сопруга, како и пријателите. Публиката ги поздрави со громогласен аплауз. Републиканскиот претседателски кандидат беше виден како ги гушка своите најблиски и го бакнува внукот во образ додека им мавта на толпата.