Дури 61 отсто од читателите на ММС со 1.008 гласови сметаат дека со ребалансот на државниот Буџет, треба да се најдат пари за набавка на терапија за заболените од рак и ретките болести. Овој став е далеку во предност пред решавањето на проблемот со здодевните комарци или зголемувањето на пензиите.
Само 11 отсто очекуваат да се одвијат средства за авионско прскање против комарци во целата држава, додека 15 отсто одговориле дека треба да има пари за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари.
Пари за исплата на заостанатите стипендии, субвенции за земјоделците, поддршка за учениците да се обезбедат со ребалансот сметаат 8 отсто, додека за набавка на нови автобуси во Скопје се одлучиле 6 отсто со 95 гласови.
Го очекуваме вашето мислење со новата анкета:
Како се справуваат институциите се пожарите?
- Одлично, со оглед на условите и механизацијата на располагање;
- Добро, но недостасува поголем ангажман, особено од челниците на власт;
- Потребно е поголемо ангажирање на заедницата и граѓаните;
- Лошо, недостасува организација и ангажман;
- Ќе биде уште полоши, бидејќи најмалку се вложува во заштитата од пожари.