Маж(33) од Русија е осуден на 12 години затвор затоа што ја мачел својата 40-годишна девојка кога таа му побарала развод, пренесува прототема.гр.
Како што беше поднесено пред судот, Олег Стжеголикин прво ги заковал рацете и нозете на Оксана Кузменко на дрвени штици, а потоа ја запалил, нанесувајќи и сериозни повреди.
Како што може да се види на фотографиите на жената, тортурата предизвикала огромна промена во нејзиниот изглед бидејќи „горела како свеќа“ кога 33-годишниот ја полил со бензин и ја запалил.
По објавувањето на казната, 33-годишниот насилник се пријавил како доброволец во војната во Украина за да го избегне престојот во затвор.
Опишувајќи го тоа што се случило во автомеханичарската работилница, со која управувал 33-годишниот, Кузменко во сведочењето рекла дека „ми ги соблече чизмите, а потоа ми ја зеде левата нога и ја закова на парче дрво додека во десната нога направи дупка со нешто како отворач за конзерви“.
Додека, всушност, ја „распнувал“ својата партнерка, насилникот и се заканил дека ќе ја убие: „Потоа извади цигара и запалка, ме поли со бензин и ме запали како свеќа“.
Како тоа да не е доволно, потоа 33-годишникот ја пренел жената во нејзиниот автомобил, но таа наоѓајќи можност да се спаси предизвикала сообраќајна несреќа, по што сторителот избегал.
Адвокатот на 33-годишниот, сепак, изрази несогласување со одлуката на судот, тврдејќи дека „и на распитот и на суд, мојот клиент постојано велеше „те сакам“.