Изутрината од водите на Дојранското Езеро беше извлечено телото на давеникот по кој се трагаше од вчера претпладне.
Струмичките пожарникари, кои учествувале во акцијата само потврдија дека телото е пронајдено. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
„Денес 19.07.2024 година, (петок), во раните утрински часови тим од три пожарникари-спасители во Дојранско езеро учествуваше во пронаоѓање и извлекување на телото на давеник кој вчера се удавил во водите на езерото. Телото е предадено на надлежните органи“, соопшти ППТЕ Струмица.
Како што веќе информиравме, вчера во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.
-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица.
фото: ФБ Пожарникари Струмица