Девојче на возраст од една година во близина на Венеција почина денеска, откако нејзиниот татко направил трагична грешка и ја оставил во автомобилот неколку часа на топло време, јави АНСА.
Кога таткото се вратил во возилото на паркингот повикал брза помош, но веќе било доцна за реанимација, пишуваат италијанските медиуми.
Трагедијата се случила во Маркон.
Повеќе детали не соопштуваат, поради, како што наведоа, заштита на семејството.
Неколку слични случаи се случија во Италија и во минатото, пренесува агенцијата.