СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(56) и М.С.(39), двајцата од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 16.04.2024 на место викано „Караматлија“, полициски службеници забележале трактор натоварен со дрва, а на местото на настанот биле затекнати пријавените кои со моторна пила вршеле сеча.
Од Шумската полиција било констатирано дека била извршена сеча на девет метри кубни дрвна маса, со што пријавените причиниле материјална штета од 270.000 денари.