СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.З.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот, во декември 2023 година, од авто плац во Куманово изнајмил патничко возило, по што го фалсификувал нотарскиот печат на фалсификат купопродажен договор, го одјавил возилото, му ставил нови регистарски ознаки, а потоа го продал на друго лице.