Беснеењето на пожарите во Македонија не престанува, а во првите борбени редови се пожарникарите. Оттаму и одлуката на струмичкиот градоначалник да го награди пожарникарите.
-Бонус по 10.000 денари за секој струмички пожарникар! Најмалку што можам да направам за моите пожарникари кои деноноќно, посветено со последните сили се бориме против огнените стихии. Во името на цела Струмица, ви благодарам! Господ да ве благослови и да ни ја чува нашата Струмица, напиша на Фејсбук градоначалникот Костадин Костадинов.