Првпат е воочена во 1976-та година откако се случила епидемија во Филаделфија каде се разболеле колеги од ист состанок во еден хотел, а потоа почнале да се појавуваат поединечни случаи и на европскиот континент.
Легионерската болест позната и како легионелоза е сериозна инфекција на белите дробови која е предизвикана од бактеријата Legionella pneumophila. Таа често може да се најде во клима уредите, тушевите или во џакузи базените. Луѓето се заразуваат со неа преку вдишување на ситните капки вода кои всушност ја содржат ваквата бактерија.
Пренесувањето од човек на човек е исклучително ретко и не се смета за вообичаен начин на ширење на болеста. Значи, иако теоретски е возможно, практично пренесот на оваа болест од човек на човек не е значаен фактор во нејзиното ширење. Главниот фокус за превенција останува на контролата и одржување на водните системи за да се спречи контаминација и раст на бактеријата Легионела.
Оваа бактерија најбргу се развива во вода со температура меѓу 35 и 40 степени. Водата со темепратура од над 60 степени ги убива бактериите, па одржувањето на температурата над ова ниво би можело да го спречи нивниот развој.
Водата која е со температура по 20 степени го успорува растот на бактериите, но сепак не ги убива.
Доколку нема правилна дезинфекција, постои можност да се развие ваквата бактерија, чие ширење особено е карактеристично за хорелите, болниците или домовите за стари лица.
Симптомите кај заразените се слични како и оние кај останатите типови воспаленија. Тие може да вклучуваат:
Висока температура
Кашлица
Замор
Главоболка
Болка во мускулите
Повраќање или дијареа
Дијагнозата се поставува врз основа на лабараториски тестови, преку кои се испитуваат крвта и урината.