Грчките претставници првпат се појавија во Европскиот парламент, по повод полагањето заклетва на новиот пленум по неодамнешните европски избори, пренесува грчкиот портал пинк.гр.
Меѓу нив беше и Никос Анадиотис, кој беше избран за единствен европратеник од партијата НИКИ. Познатиот актер и модел успеа да собере повеќе од 41.000 гласови на изборот на 9 јуни и со тоа да обезбеди место во Европскиот парламент, претставувајќи ги позициите на неговата партија.
Никос Анадиотис, како што се очекуваше, присуствуваше на церемонијата на полагање заклетва што се одржа во Брисел во вторникот наутро, а тоа го одбележа со фотографија од внатрешноста на Европскиот парламент, облечен во елегантен темно син костум.
„Посакувам БОГ да ме просветли, да ме зајакне, да ме поддржи… да и служам на Грција и на сите Грци на најдобар можен начин!!! Ви благодарам на сите!!! Да се оди напред!!! Добар почеток, напиша Никос Анадиотис, како единствен европратеник на партијата НИКИ, во својата објава на Инстаграм, добивајќи коментари на љубов и поддршка од Костас Годара и Григорис Сомер, неговите други пријатели.