Со присуство на 70 делегати од конвивиумите од цела Македонија се одржа вториот конгрес на Слоу Фуд Македонија „Дојди на трпезата“ со што се заокружи развојниот циклус од вторите 6, а вкупно 16 години досега.
Слоу Фуд Македонија значи луѓе, идеи и решенија а изминатиот период упорно и посветено се чекореше по патеката на нивната визијата, мисијата и филозофија за добра, чиста и правична храна, здрава животната средина, здравјето на луѓето, благосостојбата на животните и зачувувањето на природните ресурси каде се произведува нашата храна.
„Нашите млади започнаа да размислуваат и да сонуваат за свое парче земја, за своја нива, своја храна и свој рај. Сите го слушнавме повикот на природата, затоа и мотото на вториот конгрес е „Доди на трпезата“ заеднички да седнеме и да споделиме храна, идеи и размисли за нашата храна а преку неа да креираме промени -истакна Николче Николовски, Претседател на Националниот одбор и член на Меѓународниот совет на Слоу Фуд Интернационал. Слоу Фуд повикува: Дојди на трпезата, во срцето на домот, ајде повторно да се собереме, да се видиме, да се слушнеме. Дојди на трпезата, запознај ја генезата! Храната нека биде врската помеѓу нас, природата и културата, двигател на промената. Да бидеме лидери во поврзувањето на луѓето и природата. Како што е познато, храната е дел на социо-културната матрица на секој народ и таа како магнет зближува и поврзува луѓе од различни културни средини. Тие со почит и гордост ја одбираат нашата храна, со неа да бидат дел од гурманската ризница на светот и „ таа да е иднината што им ја посакуваме на новите генерации- се вели во декларацијата на СФМК-Храна за промени Промените што ќе се направат во следниот квартал се однесуваат на начинот на производството и на видовите на храна, шанса на млади, на рурални жени, маргинизираните групи, поврзувањето на храната и иднината, агроекологијата, враѓањето на животот на автентичните рурални пејсажи и истите да се стават во функција на агротуризмот…. -Слоу Фуд е и знаење од кое се учи, што може да се дели и разгранува а најважно од се е да се соочиме со сериозноста на овој историски момент и со дејствување, со визија и позитивна перспектива, да делуваме инспиративно на заедниците, да градиме, спојуваме, обединуваме- е заклучокот на Вториот конгрес. Конгресот се реализираше со финансиска подршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка SIDA и We Effect, како дел од проектот „Зајакнати капацитети на Слоу Фуд Македонија за агроеколошка транформација“. Инаку, Слоу Фуд Македонија постои 16 години и е дел од семејството на Интернационална мрежа што ја сочинуваат 160 земји во светот.