Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ Чедо Радомировиќ доцна вечерва со повреди е пронајден покрај кола кај селото Орман и итно пренесен во болница, јави ТВ21.
Како што јави ТВ21, лицето е пронајдено кај магистралата кај село Орман (општина Ѓорче Петров) во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи.
Полицијата е на терен и врши увид во моментов.